About

Кои сме ние ?

ОСНАП Архитекти е архитектонско биро лоцирано во Скопје, Македонија. Ние сме тим од две амбициозни и енергични архитектки, Фросина Кајханидис и Александра Божиновска Јанева со дизајнерски и менаџерски способности здобиени во текот на годините поминати како вработени во повеќе архитектонски бироа и институции во земјата, како и онлајн работа за странски клиенти, работејќи на станбени проекти, болници, хотели и банки.

Нашите почетоци

Идејата за ОСНАП започна во времето кога работевме заедно во приватна фирма, впрочем Александра во 2014 година ја вработи Фросина во фирмата во која тогаш беше одговорен архитект.

 Оттогаш па навака постојано сме во професионален контакт соработувајќи на повеќе проекти.

Конечно со помош на вистинските клиенти и низа на останати околности во Март 2020 и официјално ја отворивме ОСНАП Архитекти.

Името на фирмата

ОСНАП Архитекти го смисли Фросина, на семафор додека чекаше зелено светло, во моментот и изгледаше звучно и интересно.

ОСНАП е алатка во AutoCAD со чија помош се избираат правилните точки со што се повлекуваат прецизни линии при цртањето. Таа е и идејата на студиото, да се изберат правилните точки (начела, идеи, закони) при проектирањето и да се создаде прецизен и концизен проект кој ќе ги задоволува инвеститорите, проектантите и пред сé корисниците.

Пристап кон проектирањето

Една од најважните начела во нашиот проектантски пристап е да создадеме проект кој ќе ја задоволи идејата на корисникот (инвеститорот) но истата ќе да ја однесеме на едно повисоко ниво. Решенијата кои произлегуваат се производ од целосно разбирање и совладување на предизвиците поставени од клиентот. Клиентите се дел од процесот на дизајнирање и на нив гледаме како на соработници кои комплетно учествуваат во создавањето на финалниот продукт.

Дополнтелно веруваме во конекцијата на архитектурата со околината па оттука суптилно ги интегрираме објектите во нивниот контекст, со цел да формираат простори во кои животот се одвива не само во нив туку и околу нив не уништувајќи ја околината туку напротив истакнувајќи ја истата.

Секој проект, клиент, локација и идеја се различни и оттука секој дизајн е поинаков и единствен сам за себе.

Who we are?

OSNAP Architects is an architecture firm based in Skopje, Macedonia. We are а team of two ambitious and energetic architects Frosina Kajhanidis and Aleksandra Bozhinovska Janeva, both with high skills in design and management developed over the years as employees in several architectural biros and institutions in the country, as well as an online work for foreign clients working on housing projects, hospitals, hotels, and banks.

Our history

The idea for OSNAP started when we worked together in a private company, in fact, Aleksandra hired Frosina in 2014 while she was a manager in one architecture firm. We have been in constant professional contact with many projects ever since.

Finally, with the help of real clients and several other circumstances in March 2020, we officially launched OSNAP Architects.

Our name

The name OSNAP Architects was invented by Frosina, on a traffic light while she was waiting for the green light, at the moment, it sounded compelling and interesting.

OSNAP is a tool in AutoCAD that helps one in choosing the right points and drawing precise lines. It is also a guiding Idea for our studio, selecting the right points (principles, ideas, regulations) when designing and creating precise and concise designs that will satisfy investors, designers, but on top of all the users.

Our design approach

The most important principle in our design approach is creating a project that will satisfy the idea of the user (investor) but at the same time taking it to a higher level. The solutions are a product of a complete understanding of the challenges posed by the client. Clients are part of the design process and we see them as collaborators who are fully involved in the creation of the final product.

We further believe in the connection of architecture with the environment and hence integrate the objects in their context in order to form spaces in which life takes place not only in them but also around them, not destroying the environment but emphasizing it.

Each project, client, location and idea are different and therefore each design is different and unique in itself.